Wednesday, April 18, 2012

Мечка


Мечките се група на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат воСеверна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес неможат да се најдат воАфрика, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, поларните мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 kg, поларните мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини сончеви мечки, кои ретко надминуваат 66 kg.

Биологија


Заби

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови , забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од карнивори (месојадци) во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.


Презимување

Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.


Елен

елени


Изглед

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.
Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.


Исхрана

Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади.


Размножување

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај. Оплодената женка раѓа најчесто едно младенче кон крајот на март и април, односно мај, што значи дека го носи околу 240 дена.


Распространетост

Централна и јужна Европа, Централна Азија, Северна Америка, Северозападна Африка
Во Македонија е распространет таканаречениот ридски елен. Постојат сигурни докази дека на подрачјето на Р. Македонија се одржал единствено како автохтон вид на планината Кожуф. Инаку еленот по ослободувањето повторно е населен на Пелистер, Караџица, Кадина река и на Јакупица.

Слон



Африкански слон

Слонот е голем цицач што се карактеризира со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето. Слоновите, исто така се единствените цицачи кои не можат да скокаат.


ИСТОРИСКА РАСПРОСТРАНЕТОСТ

Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.
Во изминатите 40 милиони години, повеќе од 600 видови на слонови живееле на Земјата. Денес останале само три вида - саванскиот слон, шумскиот африкански слон и азискиот слон. Климатските флуктуации низ милениумите и смената на вегетацијата биле причина за изумирањето на многу видови слонови, но човечкото влијание исто така имало свој удел. Во 20 век, бројот на слоновите на Земјата бил меѓу 5 и 10 милиони, но со ловот и уништувањето на живеалиштата, нивниот број се намалил на 400.000 до 500.000 при крајот на векот. Денешните напори да се спасат слоновите може да се неадекватни и биолозите не се сигурни дали слонот како вид ќе преживее.


Физички опис

Азиски слон.
Трите видови слонови се слични по изглед, но меѓу нив постојат и помали разлики во големината, бојата и други физички карактеристики. Саванскиот слон е поголем од шумскиот и азискиот. Мажјаците може да достигнат и до 4 m во височина и да тежат околу 7000 kg. Женките се покуси, со височина од околу 2,8 m и тежина од околу 3600 kg. Саванските слонови се светлосиви по боја, иако можат да се сретнат и темносиви, црвени или кафеави од калта во која се бањаат. Имаат ниско, рамно чело и малку свиткан грб. Нивните масивни уши висат врз нивните рамења. Ушите на слоновите од саваните се долги 1,5 m и широки 1,2 m. И машките и женските единки имаат долги, тенки и извиени сурли.
Шумските слонови се помали од саванските. Мажјаците достигнуваат околу 2,5 m во височина и тежат околу 900 kg. Женките се само малку помали. Шумските слонови исто така имаат големи уши, но тие се целосно тркалезни. Овие слонови имаат темносива боја. И машките и женските форми имаат долги, тесни и прави сурли, а бојата на слоновата коска е виолетово.
Азиските слонови се пократки и потенки од нивните африкански роднини, со уши што не ги достигнуваат рамењата. Азискиот мажјак е висок од 2 до 3,5 m и тежок од 2000 до 5000 kg. Женките достигнуваат просечна височина од 2,4 m и просечна тежина од 3000 kg. Азиските слонови имаат темносива кожа, топчесто чело и тркалезен грб. Големината на ушите се движи од 0,75 m должина и 0,6 m широчина. Сурлата кај женките може да ја нема или да не е развиена.